Хан од утре во тридневна посета на САД, нема да се сретне со Нимиц

Johannes Hahn, Member of the EC in charge of Regional Policy

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, од утре ќе престојува во тридневна посета на Соединетите Американски Држави, каде во главниот град Вашингтон е предвидено со претставници на американската администрација и на Конгресот да говори за најновите случувања во земјите од проширувањето на Европската унија, со посебен акцент на ситуацијата во земјите од Западен Балкан, јави МИА.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарот за проширување нема да се сретне со преговарачот на Обединетите нации за надминување на разликите околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц.