Хан од Заев очекува реформи во разузнавачките служби, судството и јавната администрација

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан очекува Владата на премиерот Зоран Заев со конретни чекори да ги реформира безбедносните служби, правосудството и јавната администарција, за кои смета дека се најкритичните ресори кои треба итно да бидат реформирани, беше кажано по средбата во понеделникот.

„Реформата на разузнавачките служби, на судството, на јавната администрација се области во коишто ни се потребни конкретни резултати до крајот на годината. Бев уверен дека Собранието веќе има своја агенда за постигнување на овие цели, но важно е опозицијата да ја одигра својата улога и да биде одговорна“, рече Јоханес Хан.

Неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев, исто така, на заедничката прес конференција со Хан се осврна на реформата на тајните служби. За до крајот на годинава најави пакет закони во оваа област како и засилена надворешна контрола на безбедносните служби.

„Со сеопфатна реформа на разунавачките служби, низ отворена јаван и експерткса дискусија до крајот на годината ќе биде усвоен пакетот закони неопходни за реформа на системот за следење на комуникациите, како и за воспоставување надворешен механизам за негова контрола. Преземени се активности за целосна деполитизација на администрацијата и градење на сервисно ориентирана јавна служба. Напоменувам ова се само врвни приоритети другите реформи течат континуирано““, рече Заев.

Посочи и дека постои позитивна клима за решавање на спорот со името со Грција. Меѓу другото, Заев очекува чиста препорка од Европската унија и датум за започнување предпристапни преговори.

Еврокомесарот Хан, пак, на новинарско прашање одговри дека Законот за јазиците не е дел од барањата на Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.