Македонија

Хан: ОДИХР и ОБСЕ ми потвдрија дека со посветеност ќе има фер и демократски избори

Хан: ОДИХР и ОБСЕ ми потвдрија дека со посветеност ќе има фер и демократски избори

Јоханес Хан синоќа истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.

Како што посочи, такво убедување добил и од ОДИХР и од ОБСЕ.

Во четвртокот имав контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите  во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија… можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам да поттикнам сите да партиципираат на изборите, рече Хан.

СДСМ е единствената партија која ги напушти преговорите барајќи изборите да бидат одложени, додека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА стојат зад договореното, односно изборите да се одржат на 24-ти април.

Договорот важи. Уште еднаш ќе повторам, а ова беше и пораката која ја упатив до сите клучни играчи: Очекувам сите партии да останат посветени на договорот од Пржино, рече синоќа Хан.