Хан: Опозицијата да се врати во Парламентот

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна и членови на Европскиот парламент веќе разговараат со спротивставените страни и се обидуваат да најдат решени.

Ова синоќа го изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во Белград.

Во наредниот период ќе биде клучно да се утврди кривична, но политичка одговорност за случувањата во Македонија.

– Тоа е политички скандал, и потребно е опозицијата да се врати во парламентот, а истовремено да се формира истражен комитет кој ќе се занимава со политичката одговорност на целото прашање, истакнал Хан.

Според него, независно од политичарите и политичкиот систем, правосудството мора да го проследи овој случај и да се погрижи за неговите кривични аспекти.

– Ние како Европска комисија понудивме да дадеме поддршка, да ги обезбедиме неопходните експерти кои можат да гарантираат независност на истрагата, а на одговорните во земјата е да се позанимаваат со тоа. Тоа, исто така, ќе биде показател за европската перспектива на земјата, изјавил Јоханес Хан.