Хан: Опозицијата да се врати во парламентот, правдата до крај да го истера случајот

Независно од политичката одговорност, правдата мора да го истера во овој случај до крај. Како Европска Комисија на тоа му даваме поддршка и се трудиме да ги обезбедиме сите услови за независна истрага, порача од Белград, Јоханес Хан, пренесе „Курир“.

– Таа ситуација е многу озбилна и опасна. Членовите на ЕУ Парламентот се обидуваат да разговааат за решение меѓу клучните учесници во судирот. Мора да има истрага, од една страна за кривична одговорност, а од друга страна за политичкиот скандал, така што е потребно е опозицијата да се врати во Парламентот веднаш, таму да има извршен комитет кој ќе работи на политичка одговорност на случајот. Независно од политичката одговорност, правдата мора да го истера овој случај до крај. Како Европска Комисија на тоа му даваме поддршка и се трудиме да ги обезбедиме сите услови за независна истрага. На одговорните во земјата е да се занимаваат со тоа, но како да се занимаваат со тоа – треба да биде согласно европските правила, изјави вечерва еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по неговата посета на Белград каде имаше средба со српскиот премиер Александар Вучиќ.