Хан оптимист за решение од дијалогот Белград-Приштина

Европскиот комесар за преговори за проширување на Европската унија, Јоахнес Хан, изјави во четвртокот во Софија изјави дека е оптимист кога станува збор за поттикнување решение од дијалогот Белград- Приштина.

„ Јас сум секогаш оптимист. Новата стратегија јасно нагласува дека постои песпектива за се. Тоа значи дека и во интерес на Косово е да работи на решение за правно обрзувачки договор“, изјави Хан на доаѓањето на самитот на ЕУ – западен Балкан во Софија.

Европскоит комесар нагласи дека има нов поттик и моментум за двете страни да дојдат до договор што е можно побрзо.