Хан до Западен Балкан: Отворете ги границите и стишете ја реториката!

Отворете ги границите и стишете ја реториката! Ова денес го побара европскиот комесар за соседска политика Јоханес Хан. Тој побара од сите држави на Западен Балкан да ги отворат границите за непречен проток на стока и да ја еториката.

Ги повикувам сите земји од Западен Балкан одговорно да се однесуваат кон мигрантите, а посебно да не ги затвораат граничните премини, изјави Хан пред новинарите пред денешното заседавање на колегиумот на ЕК, не напоменувајќи го директно случајот на Србија и Хрватска, пренесува Дневни аваз.

Хан изјави дека затворањето на граничните премини за товарните возила има директни економски последици за целиот регион.

Запрашан да ја прокоментира „царинската војна“ меѓу Србија и Хрватска, Хан изјавил дека ЕК се обидува да суди.Тој наведе дека вчера телефонски разговарал со премиерот на Србија Александар Вучиќ и со шефицатана на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, а разговарал со министерот за труд и социјална политика Александар Вулин, кој бил во посета на Брисел.

Знам дека не е лесно, но сега е потребно вербално разоружување кога станува збор за изјавите и соопштенијата, затоа што острите зборови не помагаат, изјави тој.

Хан наведе дека ЕУ е подготвена да им помогне на земјите од Западен Балкан, пред се на Србија и Македонија, да се справат со бегалската криза. Тој најави дека во петок ќе го посети Белград и со Вучиќ ќе ги посети камповите за бегалци.