Хан по средбата со Иванов: Сите политички партии треба да имаат дебата во Парламент

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов  денеска го прими Јоханес Хан, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување.

На средбата било разговарано за интеграцискиот процес на Република Македонија во Европската унија, за унапредувањето на добрососедските односи, како и за актуелните случувања во земјава.

Претседателот Иванов истакнла дека нашата држава останува целосно посветена на отворањето на пристапните преговори и спроведувањето на реформите за членство во ЕУ, потенцирајќи дека е потребно Европскиот Совет да ги согледа последиците од моменталната статус кво состојба и да најде начин за валоризација на позитивните препораки од Европската Комисија.

Од страна на македонскиот претседател бил побаран проактивен ангажман и поддршка од комесарот Хан, и укажал дека предолгото чекање за следниот исчекор во евроатлантските интеграции, предизвикува фрустрации во нашето општество, нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи.

002

Претседателот Иванов го реафирмирал ставот на Република Македонија за градење и унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, како и подготвеноста за решавањето на сите отворени прашања, со цел придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион.

-Позитивните примери во нашиот регион, на паралелно движење во интеграциите и надминување на билатералните разлики, треба да се применат и во случајот со Република Македонија и нашиот јужен сосед, изјавил претседателот Иванов.

Во однос на последните случувања во Република Македонија, претседателот Иванов порача политичките субјекти да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата.

003

-Како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството, и истите мора да се решаваат по институционален пат, низ отворен дијалог. Како Претседател давам целосна поддршка за ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно-правниот поредок, и во санкционирањето на сторителите на кривични дела, истакнал македонскиот претседател.

Комесарот Хан, изразил надеж дека Република Македонија ќе продолжи со реформските процеси и што поскоро ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

004

-Мојот став и ставот на ЕУ е дека сите политички партии треба да ја имаат политичката дебата во парламентот, а не надвор од парламентот. Тука сум за да помогнам да се најде излез од политичката состојба. Опозицијата да се врати во парламентот, и таму да се решаваат сите политички прашања, порачал комерасорот Хан, и додал дека е потребно Македонија напорно да работи на клучните забелешки од Извештајот за напредокот на Европската Комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.