Македонија

Хан во посета на Македонија

Хан во посета на Македонија

Јоханес Хан во посета на Македонија. Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ престојува во дводневна посета на Македонија.

Тој денеска во Скопје ќе разговара со македонските политички лидери за  спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД),  за текот на реформите и за мигрантската криза.

Средба со лидерите на четирите најголеми политички партии

Средба со лидерите на четирите најголеми политички партии
Средба со лидерите на четирите најголеми политички партии

Хан ќе има одделни средби со премиерот Никола Груевски и со претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Тој ќе учествува на состанокот за Пристапниот дијалог на високо ниво, како и на седницата на Националниот совет за евроинтеграција.

Посета на прифатниот центар во Гевгелија

Посета на прифатниот центар во Гевгелија
Посета на прифатниот центар во Гевгелија

Како што соопшти неговиот кабинет, еврокомесарот ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество, а предвидено е да го посети и прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.

Еврокомесарот Хан за последен пат престојуваше во Македонија на 15-ти јули годинава, кога беше потпишан и Договорот од Пржино со што практично беше ставен крај на политичката криза во земјава.