Хан потврди дека Законот за јазици не е дел од итните европски приоритети, ВМРО-ДПМНЕ со 50 амандмани

Законот за употреба на албанскиот јазик не е европски приоритет, ниту, пак, дел од реформите што Македонија треба да ги испорача за да го истрча како што вели Брисел последниот километaр од европскиот маратон за чиста препорака, рече во понеделникот еврокомесарот Јоханес Хан и упати јасна порака до македонските власти дека аконот мора да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

„Владата и другите фактори во земјата се фокусираат на законите и условите кои се релевантни за добивање на препорака. Законот за јазик не е дел од она што е договорено во овој контекст“, рече комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

Претседателот Ѓорге Иванов се консултира колку решението е во рамките на Уставот за да одлучи дали ќе го потпише законот. Иванов вели конечниот став ќе каже кога законот ќе му стигне на потпис, но тој ќе биде само во насока на почитување на уставните норми.

„Кога ќе биде доставен законот, ќе се произнесам согласно законот и уставот“ – изјави Иванов.

Законот за употреба на јазиците во среда влегува на амнадманска расправа. Иако 22-ри ноември е неработен ден, бидејќи во земјава се празнува денот на албанската азбука, пратениците симболично, као шпто вели комискиот претседател Артан Груби ќе работат.

ВМРО – ДПМНЕ поднесе 50 амандмани, СДСМ пет и два Движењето БЕСА пред истекувањето на рокот за поднесување на амандмани за Законот за јазиците.

 

Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека со амандманите ќе се интервенира таму каде што сметаат дека се загрозува македонскиот јазик, а СДСМ тврдат дека амандманите се во однос на расчистување на дилемите околу казните предвидени со Законот.

Според Движењето БЕСА, со нивните амандмани ќе бараат службена употреба, а не само унапредување на албанскиот јазик во Македонија.

Пратеничката група на ДУИ, пак, не поднесе амандмани, бидејќи, како што рече Артан Груби, нивните забелешки веќе се доставени до Венециската комисија.

Пратениците имаат три дена да ги разгледаат сите амандмани, бидејќи законот Владата го предложи ккао дел од европската агенда и е со веропско знаменце, што значи дека е ограничено времето за амандманска расправа за него.

Интервенции за владиниот предлог најави опозицијата од македонскиот и албанскиот блок, но и СДСМ, за како што рече координаторот на пг на СДСМ, Тунтев да се расчиста до крај дилемите и да се допрецизира решението.

Минатата седмица пратениците ја изгласа потребата од законот. Тој е дел од коалицискиот договор за влада меѓу Зоран Заев и Али Ахмети. Со него се предвидува на цела територија на државата окрај македонскиот службен јазик да биде и албанскиот, сите институции од централната власта, агенции и јавни претпријатија како и пред судски постојки и постки во Јавното обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.