среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 46

Хан пречекан со пароли „Отфрлете ја Тиранската платформа“ (ФОТО)

Хан останува на ставот да не се сретне со претставници на „Заедничка Македонија“.

paltform-2-640x361

Последни вести

Македонските граѓани со низа транспаренти и македонски знамиња поставени на надвозниците на влезот од Скопје го пречекаа еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој денеска доаѓа во Македонија за да оствари средби со политичките претставници.

„Македонија ќе победи“, „Отфрлете ја Тиранската платформа“, „Покажете почитување“… Ова се само дел од пораките до Хан испишани на транспарентите. Инаку, Хан е упорен да не се сретне со претставници на граѓанското движење „За заедничка Македонија“. Откако тие побараа средба со него, неговата портпаролка Маја Коцијанчич објасни дека тој во Скопје ќе има набиена агенда и дека нема време.

win

Работите можеа да имаат поинаков тек откако претседателот Ѓорге Иванов најави дека нема да се сретне со комесарот и дека времето за средба им го отстапува на организаторите на протестот за, како што рече, Хан да запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена.

repsect

Сепак,Коцијанчич за Телеграф.мк изјавила дека Хан останува на ставот да не се сретне со претставници на „Заедничка Македонија“.

han

zname

platfoprm

platf

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска излезе на протест пред седиштето на Европската унија во Скопје.

Му порачаа на комесарот Јоханес Хан дека не сакаат да се меша во домашната политика и дека не е добредојден во земјава.

Најчитани вести