Хан пристигна во Скопје – ќе се откочат ли преговорите?

Хан пристигна во Скопје - ќе се откочат ли преговорите?
Хан пристигна во Скопје - ќе се откочат ли преговорите?

Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска на пладне пристигна  во резиденцијата на ЕУ каде што се најавени поединечни средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, а потоа и нивна заедничка средба.

Според пишувањата на медиумите, на средбите се очекува да се дискутира за Изборниот законик, како и за изборот на тимот на Специјалниот обвинител, Катица Јанева. Воедно, можно е и да се договорат и имињата на новите министрии во привремената Влада, која е дел од договорот од Пржино, а кои треба да се изберат утре. До утре треба да се знаат и имињата на заменик-министри по предлог на опозицијата во министерствата за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација.

Работната група на четирите партии не се договори ни за законот за мораториумот на „бомбите“, закнот за „свиркачи“, како и за работата на медиумите, па најверојатно денеска ќе се дискутира и за овие работи.

На социјалната мрежа Твитер еврокомесарот Јоханес Хан напиша „На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“.