Хан: Ситуацијата на Балканот и натаму е кревка

Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан оцени дека ситуацијата на просторот на поранешна Југославија и понатаму е кревка, но се повеќе се консолидира и влегува во период во кој помирувањето е најверојатно можно, пренесува МИА повикувајќи се на Танјуг.

– Нашиот приод е со конкретни проекти да го поддржиме тоа помирување и да не дозволиме да биде само теоретска конференциска вежба. Притоа се работи за проекти од областа на сообраќајот и енергијата. Исто така и истражување и универзитетско образование се корисни за прекугранична соработка и може да бидат придонес за помируавњето, уверува Хан во интервју за виенски Стандард.

За прашњето за проширувањето тој вели дека постои јасна изјава на претседателот на ЕК според која во овој мандат нема да има проширување.

– Тоа предизвика одредени иритации, но тоа е технички опис на состојбата. на Балканот во меѓувреме во речиси сите држави кандидати постои добро законодавство за борба против корупција, но не се работи за мо за усвојување закони туку мора да бидат и применети, а за тоа е потребно време, смета комесарот.

Тој потсети и на минатонеделната средба во Брисел со премиерите на сите држави од Западен Балкан и дека успеале да постигнат договор за вклучување на сообраќајната мрежа на тие држави во трансевропската мрежа.

Истовремено, побара ЕУ да им помага на соседите бидејќи Унијата сефкупно, е успешен проект.

– Досега немало толку долго мир во Европа. Тоа сигурно е овозможено со соработка со ЕУ. Таму каде е ЕУ таму е и мир. И поради тоа Унијата и покрај критиките, е многу атрактивна, објасни Хан заложувајќи се за помош на јужните соседи од каде доаѓаат бегалци.