Хан: Србија ќе почне преговори со ЕУ следната година

Србија ќе почне преговори со ЕУ следната година. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Србија предводена од премиерот Александар Вучиќ претставува фактор на стабилност во регионот и изрази надеж дека на почетокот од следната година ќе биде отворено првото преговарачко поглавје со Србија.

Србија со премиерот Вучиќ стана фактор на стабилност во целиот регион. Неговиот придонес за помирување, како неодамна со БиХ и со Албанија, треба да биде признат, истакна Хан.

Во контекст на најавата дека Србија ќе почне преговори со ЕУ, Хан нагласи дека најновиот напредок во дијалогот со Косово треба да ја отстрани последната препрека на патот кон почеток на преговорите со ЕУ.

Искрено се надевам дека на почетокот на 2016 година ќе бидеме подготвени и Советот ќе даде зелено светло. Интензивно се ангажирав за тоа, додаде еврокомесарот.

Хан: Состаноците од ваков формат се градат мостови

На прашањето дали самитот за Западен Балкан ги приближува земјите кон ЕУ, Хан одговори „во секој случај“, пренесува српски „Блиц“.

Владина делегација на Самитот за Западен Балкан во Виена
Владина делегација на Самитот за Западен Балкан во Виена

Редовните состаноци во тој формат, како што истакна Хан, го поттикнуваат развојот и примената на заеднички проекти, како што се инфраструктурните, сообраќајните и енергетските проекти, кои што се важни зза еконномскиот развој, а кои се во фокус на самитот во Виена.

Тоа придонесува и за подобрување на соработката во целиот Регион. Јас секогаш велам дека со тоа се градат мостови и тоа во вистинската смисла на зборот, нагласи еврокомесарот.

ЕК одобри финансиска помош за Македонија и Србија за справување со проблемот со мигрантите

Говорејќи за конкретната помош на ЕУ за Македонија и Србија за бегалците и мигрантите, Хан потсети дека Европската комисија денес  определила помош од 1, 5 милиони евра за овие две земји.

ЕК одобри финансиска помош за Македонија и Србија за справување со проблемот со мигрантите
ЕК одобри финансиска помош за Македонија и Србија за справување со проблемот со мигрантите

Тој го отфрла тврдењата дека ЕУ го оставила Западниот Балкан „на цедило“ и додаде дека фактот дека темата миграција се наоѓа високо на агендата на Самитот покажува колку сериозно се пристапува кон тој проблем.