Хан, Вајгл, Кукан и Ховит денес во Скопје

Хан, Вајгл, Кукан и Ховит денес во Скопје

Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан денеска во Скопје ќе се сретнат со лидерите на четирите политички партии во Македонија.

Целта е да се издејствува конечен договор за политичката криза во Македонија.

Според соопштението на Европската комисија, Хан ќе има поединечни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, а потоа треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

kocijancic
Коцијанчич: Договорот од 2-ри јуни нуди основа, партиите да најдат компромис

– Средбите што ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На нив, исто така, ќе присуствуваат олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, информира Европската комисија.

Основа за постигнување конечен договор, како што најави портпаролката Маја Коцијанчич, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016-та година.