Спорт

Хандановиќ убеден дека Интер ќе биде посилен со Видиќ

Хандановиќ убеден дека Интер ќе биде посилен со Видиќ

Репрезентативецот на Словенија и прв голман на италијанскиот калчо гигант Интер, Самир Хандановиќ е убеден дека “нероазурите” можат многу да профитираат доколку како точна се покаже последната шпекулација дека српскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ ќе се пресели на “Џузепе Меаца” на стартот од летниот преоден рок.

“Лично не го познавам Видиќ, но неговата кариера ќе даде одговор на прашањето за каков фудбалер станува збор. Ако како точна се покаже информацијата дека ќе биде летна аквизиција на Интер тогаш можам да кажам дека Интер ќе биде уште посилен во следната сезона. Дали сум среќен поради шпекулацијата дека сум желба на каталонскиот гигант Барселона? Мислам дека секој фудбалер ќе биде среќен доколку за неговите услуги покаже тим каков што е Барселона. Знам дека имаше интерес во минатото, но јас сум среќен во Милано. Јас можам да се доживеам како фудбалер на Интер”, изјави Хандановиќ.