Спорт

Хановер е само мало дете за Баерн (М)

Хановер е само мало дете за Баерн (М)

Убедлива победа од 4:0 на гостувањето во Хановер, забележа актуелниот шампион и лидер во германската Бундес лига, тимот на Баерн (М).

Првиот и третиот погодок на натпреварот беше дело на репрезентативецот на Германија, Томас Милер, а вториот и последниот беа дело на шпанскиот и хрватскиот интернационалец, Тиаго Алкантара и Марио Манџукиќ.

Без победник, но и без погодоци заврши првенствената пресметка помеѓу екипите на Ајнтрахт од Франкфурт и Вердер од Бремен.