Ханс повика на соработка меѓу власта и опозицијата

Случувањата во Куманово не треба да се користат за да се креира понатамошно усложување со воведување на меѓуетнички тензии, порача денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и уште еднаш ги повика власта и опозицијата да ја решат кризата.

„Сите сме загрижени за тоа што се случи викендов. Ги повикуваме сите вклучени страни и актери да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи, кој е одговорен за тоа и да бидат обединети по ова прашање. Овој напад не треба да го сврти вниманието од серизната внатрешно политичка ситуација, за која ги повукуваме Владата и опозицијата да почнат да соработваат. Овој настан не треба да се користи за да се креира понатамошно усложување со воведување на меѓуетнички тензии. Ги повикувам сите одговрни луѓе во земјата и во регионот да се однесуваат обединето