Македонија

Ханс ван Манен добитник на наградата „МЕНАДА“

Ханс ван Манен добитник на наградата „МЕНАДА“

Советот на фестивалот Танц Фест Скопје донесе одлука овогодишен добитник на наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „МЕНАДА“ да ја додели на Ханс ван Манен.

Ханс ван Манен е роден во Холандија. Неговата меѓународна слава е широко позната. Неговите балети се изведувани во повеќе од 50 компании низ светот, а неговите кореографии се изведувани од бројни големи интернационални ѕвезди.