Балкан

Ханс-Вернер Син: Грција треба да замине од еврозоната

Ханс-Вернер Син: Грција треба да замине од еврозоната

Институтот за економски истражувања при Универзитетот во Минхен (ИФО) предвидува дека од вкупната штета од 250 милијарди евра што би била предизвикана со евентуален излез на Грција од Еврозоната дури 77 милијарди ќе треба да бидат санирани од Германија, објави МИА.

Претседателот на ИФО Ханс-Вернер Син познат по своите заштитнички ставови за германските бизнис интереси за весникот „Гардијан“ изјави дека е глупаво да се биде уценуван од Ципрас и дека би било подобро на Грција да и се дозволи да си замине.

Според Син загубите од излезот на Грција од еврозоната ќе бидат помали од постојаното членство со бескрајни заеми и простувањена долгот.

Според Син најдобар начин да се реши проблемот со Грција е да се организира конференција на која што би можело да се преговара за одложување на долгот.