Хаос и долги колони на границите – штрајк на грчките цариници

Пограничните служби при Министерствотото за внатрешни работи вечерва од страна на грчките гранични служби добија допонително известување дека поради утрешниот протест на тамошните царински службеници во наредните 24 часа ќе има посебен сообраќаен режим и на граничниот премин “Стар Дојран“. Според последната информација и на овој ГП ќе има целосна забрана за сообраќај на товарни моторни возила, додека пак автомобилите и автобусите ќе се пропуштаат во двете правци на секој еден час.

Инаку преходно информиравме дека на граничниот премин “Богородица“ и “Меџитлија“ во наредните 24 часа нема да се одвива сообраќајот на товарни моторни возила, односно ќе биде сопрен секаков влез или излез на тешки моторни возила.

Притоа, на „Меџитлија“ ќе има измени и во патничкиот и автобускиот сообраќај, односно оваа категорија возила ќе се пропуштаат повремено, додека пак на „Богородица“, патниот и автобускиот сообраќај ќе се одвива нормално.