Хаос на ракометен меч во Црна Гора

На натпреварот од црногорската ракометна лига помеѓу екипите на Мојковац и Будванска Ривиера имаше масовна тепачка.

Мечот помеѓу Мојковац и Будванска Ривиера во рамките од 11-то коло од црногорската прва лига е прекинат во 39-тата минута поради масовна тепачка во која учествуваа ракометарите на двата тима, но и дел од публиката.

Натпреварот е регистриран со службени 10:0 во корист на гостите.