ВИДЕО: Откако направи хаос во МВР, новиот министер прави хаос и на автопат

Откако направи хаос во МВР, новиот министер Спасовски прави хаос и на автопат. Порталот „Курир“ објави видео снимка која до нивната редакција била испратена од страна на читател.

Имено тој тврди дека видео снимката ги прикажува новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговото обезбедување.

Тој за „Курир“ појаснува дека овие три дена, постојано со огромна брзина луксузно ауди со полициска придружба се движело по автопатот и минува по патарините со вклучени ротациски светла и сирени, без да застане и да плати патарина.

Порталот потсетува дека за само неколку дена Спасовски во јавноста стана познат по многубројните задоволства кои си ги пружи самиот на себе откако од својот лидер Зоран Заев беше предложен за технички министер во МВР.

aaaaaudi3

На првото влегување во кабинетот најважно му беше да го обезбеди луксузното ауди, во кое странски државјани шверцувале дрога и да повика лица за да го сликаат за дипломатскиот пасош во својата нова канцеларија. Од друга страна, првите одлуки кои ги донесе далеку од очите на јавноста предизвикаа невиден хаос во МВР и тоа во ситуација кога целиот свет е соочен со ризикот од терористички закани, пишува „Курир“.

За крај порталот потсетува дека спротивно на измените во Законот за влада, Спасовски ги одзеде сите овластувања во МВР и во моментов ниту директорите за државна и јавна безбедност, ниту кој било друг професионалец нема овластување да издаде наредба за изготвување план и акција во случај на терористичка закана.