недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 49

Хаос во ноќен клуб во Прилеп – присутните бегале во паника

disko-topu

Последни вести

Четириесет и тригодишниот Г.Р. од Прилеп, кој е сопственик на ноќен клуб, вчера во полициска станица пријавил дека во текот на ноќта посетители заминале од локалот без да ја платат сметката.

Станува збор за В.К., З.Д., Д.Н. и уште неколку засега непознати лица.

МВР денеска соопшти дека тие во 04.20 часот,  маскирани и со железни шипки се вратиле во клубот, ја скршиле влезната врата, со спреј-солзавец го испрскале и физички го нападнале Г.Р. и со шипките во раце се движеле по масите на присутните и шанкот на објектот, кои во страв и паника почнале да бегаат и да излегуваат од локалот.

Во општата болница во Прилеп на Г.Р. му се констатирани телсни повреди- расекотини во пределот на главата. СВР Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Најчитани вести