Хаос во Србија: 19 села оковани во снег

Снегот кој непрекинато паѓа окова 19 села во околината на Књажевац во висока снежна покривка. Во општината е прогласена вонредна ситуација, а во повеќето од селата веќе неколку денови нема струја.

– Повеќе од шест дена периодично нема струја во 19 села каде живеат околу 2.140 жители, поради паднатиот далековод, изјавиле од општина Књажевац.

Снегот во околината и понатаму продолжува да паѓа.