Македонија,Крими хроника

Хаос во тетовската болница, шестмина повредени

Хаос во тетовската болница, шестмина повредени

Групна тепачка се случила во Клиничката болница во Тетово, при што едно лице е потешко повредено и задржано на лекување.

Петмина се приведени откако сите учествувале во тепачката што се случила на Хируршкото одделение во Клиничката болница.

Инцидентот се случил вчера околу 19 часот меѓу Р.А.(23), Р.Р (49) и Д.Х (47) од една и И.У (55), А.У (17) и А.У (20) од друга страна.

Тие си размениле повеќе удари со тупаници по главите и телата од кои се здобиле со повреди. По укажаната лекарска помош петмина од нив се приведени, а 20-годишниот А.У е задржан на лекување.

Лицата и претходно меѓусебно се тепале на улицата „Љуботенска“ во Тетово, поради недоразбирања околу напасување на добитокот.