Балкан

Харадинај доби британска виза

Харадинај доби британска виза

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај доби британска виза и ќе може да патува во Велика Британија за учество на Самит за инвестиции во Западен Балкан, што ќе се одржи кон крајот на февруари.

Тоа го изјави Авни Арифи, шеф на Кабинетот на премиерот Харадинај.

Деновиве медиумите јавија дека по Амариканците и Британците одбиле да му дадат виза на косовскиот премиер и оти визата од страна на британската Амбасада, му била одбиена пред неколку денови, но Владата во Приштина ја криела таа информација.

– Одбивањето виза за патување во САД, а сега и во Велика Британија е резултат на обидите што ги прави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и претседателот на Косово, Хашим Тачи, да се оневозможи работата на Специјалниот суд, а што претходно е договорено со меѓународниот фактор, Специјалниот суд да си ја изврши својата активност,-коментираат локални медуми.

Харадинај побарал виза со цел да учествува на Самит за Инвестиции во Западен Балкан.