Харадинај најави протести на денот кога ќе се гласа демаркацијата

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај упати апел до косовскиот државен врв да не го доведува во опасност Косово и визната либерализација, со инсистирањето да се ратификува спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Тој повтори дека оваа спогодба ја повредува територијата на Косово, и затоа треба што поитно да се коригира.

kosovo

Харадинај го поддржа предлогот на Иницијатива за Косово за формирање нова комисија, оценувајќи дека не треба да се губи време, туку да се најде соодветно решение.

– Ние позитивно се изразивме за таа идеја со цел грешките на време да се исправат. Она што не вознемирува е губењето време. Ако сакаме визна либерализација, а тоа е нашиот интерес, тогаш Косово навистина треба да преземе конкретни чекори за процесот да не се доведе во прашање, да не доцниме, изјави Харадинај.

– Нашата партија ќе организира протести на денот кога во Парламентот на дневен ред ќе биде ратификацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. Потврдуваме дека нема да учествуваме во редовната работа на парламентот, освен на свечени седници и на седницата кога ќе има обид да се изгласа демаркацијата, изјави Харадинај.

Тој уште оцени дека актуелната влада на премиерот Иса Мустафа е „несреќа за Косово“.

И пратеникот од Движењето „Самоопределување“ Реџеп Селими најави протести против демаркацијата.

– Ние ќе продолжиме да се противиме на ратификацијата, со протести, било внатре или надвор од Парламентот, изјави тој за радио телевизија Косово, не негирајќи, како што рече, враќање на солзавецот во собраниската сала.

Според него, неправедно е условувањето на визната либерализација со ратификација на спогодбата за демаркација на границата