НБА: Харден со 45 поени беше предводникот на Хјустон во победата против Портланд

Два натпревари беа решени по продолженијата, а тимот на Далас направи голем пресврт во Бостон.

На првиот натпревар без Кевин Мекхејл на клупата, Џејмс Харден постигна 45 поени, а Хјустон по продолженијата го совлада Портланд со 108:103.

Како клучен момент на средбата се испоставија поените на Кори Бруер, кој со тројката со звукот на сирената му донесе продолженија на својот тим, каде блесна Харден за петти триумф сезонава.

Крајно возбудливо беше во Бостон, каде домаќините беа поразени од Далас со 102:106.

Селтикси водеа во текот на речиси целиот натпревар, имаа и 18 поени предност, но Далас предводен од Дирк Новицки направи голем пресврт. Германецот натпреварот го заврши со 23 постигнати поени.

НБА Резултати:

Шарлот – Бруклин 116:111
Феникс – Чикаго Булс 97:113
Јута – Торонто 93:89
Сан Антонио – Денвер 109:98
Оклахома – Њу Орлеанс 110:103
Атланта – Сакраменто 103:97
Бостон – Далас 102:106
Филаделфија – Индијана 85:112
Орландо – Минесота 104:101 (продолженија)
Хјустон – Портланд 108:103 (продолженија)