Хардинај останува во Словенија

Судот во Крањ одлучи дека Рамуш Харадинај ќе остане во Словенија, со оглед дека судот мора да ја процесуира неговата жалба пред да продолжи да го разгледува барањето за екстрадиција на Србија. Судот соопшти дека примил „жалба за начинот на водење на процедурата во врска со уапсениот државјанин на Косово“, јави „Танјуг“ повикувајќи се на СТА.

Судот побара тужбата да биде комплетна, бидејќи не вклучува полномошно за бранителот на подносителот на тужбата, за да ја може да ја процесуира.

Во исто време, судот појасни дека „во случај на екстрадиција на странци, државјани на Косово, на Србија врз основа на меѓународна потерница, уапсеното лице ветило дека нема да ја напушта земјата“.