Хари и Меган прво на роденден на принцот Чарлс па на меден месец

Хари и Меган на 22 мај ќе присуствуваат на 70.роденден на принцот Чарлс. Тоа ќе биде прв кралски настан на кој тие официјално ќе се појават како војвода и војвотка од Сасекс.

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одложија медениот месец за да можат да присуствуваат на роденденот на принцот Чарлс, кој е само неколку дена по нивната венчавка.

Хари и Меган на 22 мај ќе присуствуваат на 70.роденден на принцот Чарлс. Тоа ќе биде прв кралски настан на кој тие официјално ќе се појават како војвода и војвотка од Сасекс.

Планирано е прославата да се одржи во дворот на Бакингемската палата.

Засега не е познато каде Хари и Меган ќе го поминат медениот месец, но некои медиуми наведуваат дека тоа би можело да биде Боцвана и тамошниот ексклузивен сафари камп, кој двајцата го посетија минатиот месец, неколку месеци пред да ја објават веридбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.