Хари: Кралицата Елизабета ми е шеф, а само понекогаш баба

Додека неговиот брат Вилијам и војвотката Кејт се наоѓаат во Индија, принцот Хари ги извршува должнстите дома, па така го придружуваше британскиот премиер Дејвид Камерон на комеморацијата за жртвите од терористичкиот напад во Тунис 2015 година, каде се појави во елегантен син костум.

Претходно, неговата баба, кралицата Елизабета Втора го прослави нејзинот 90-ти роденден, по кој повод беше снимен документарниот фил „Elizabeth At 90 – A Family Tribute“, во кој Хари изјави нешто што привлече многу внимание.

– Се уште ја гледам како кралица, а помалку како моја баба. Имате голема почит кон својот шеф, а јас секогаш ја гледав како свој шеф, а поретко како баба, изјави принцот Хари.

Во минатото, Хари важеше за „непослушно дете“ на кралското семејство. но краллицата му прости за големиот број скандали.

Првиот скандал го направи на 16 години со користење марихуана, поради што беше пратен во клиника за одвикнување. Но, тоа не го спречуваше во следните години повеќепати да биде „ловен“ од папараците како во раните утрински часови пијан излегува од лондонските ноќни клубови.

Еден, секако од најголемите скандали се случи, кога принцот на еден маскенбал се појави во нацистичка униформа. Хари потоа се извини, но во 2012 година следеше нов, кога се појавија фотографии на голиот принц како се забавува со голи девојки во хотелската соба во Лас Вегас.

Но, изгледа лошите денови и лудите забави се зад него, затоа што принцот се смири.

Сепак тој се уште не ја пронајде неговата принцеза. По бурната седумгодишна врска со Челзи Дејви и кусата авантура со уште една атрактивна русокоса, Кресида Бонас, се појавија гласини дека Хари „и фрлил око“ на 19-годишната грчко-данска пчринцеза Марија, но таа вест никогаш не беше потврдена.