Хари Мата Хари стана дедо по вторпат

Хари Мата Хари стана дедо по вторпат
Хари Мата Хари стана дедо по вторпат

Босанскиот музичар Хари Варешановиќ (54) стана дедо по вторпат, и неговата најстара ќерка Наѓа која живее и работи во Германија  доби уште едно дете.

– Ви благодарам на честитките. Јас сум пресреќен. Во моментот сум во Сараево, каде организирав прослава за моите пријатели. Станав дедо , а тоа не е мала работа. Се радувам што во семејството пристигна уште едно момче кое ни го разубави животот – изјавил Хари за српски „Блиц“.

Пејачот додал дека неговата ќерка Наѓа одлично го поднела породувањето.

– Мојата ќерка се породи во Германија пред неколку дена, а на синот му даде име Кан. Таа веќе има едно момче, кое посебно се израдува што доби помал брат – открил пејачот.

Хари со неговата прва сопруга Аида  ги доби ќерката Наѓа (30) која по професија е докторка и синот Дамир (21) , а од вонбрачна врска го добил синот Мак (17).

– Мојата ќерка е докторка во Германија специјализираше за анестезиолог, едниот син е во информатиката а другиот го завршува Кинезиолошкиот факултет . Мојата задача е како татко да ги поддржувам нивните сништа и да не ги продупчувам нивните балони со желби. Не ги лечам своите фрустрации преку своите деца – изјавил Варешановиќ во едно интервју.