Харис Чато од Х Фактор го удри автомобил

Учесникот на првата сеозна Х фактор, Харис Чато доживеа сообраќајна несреќа во момент на невнимание кога на него налета автомобил.За среќа, помина со минимални повреди.

„Тоа се случи во мојата улица во Сараево. На моја среќа, улицата не е прометна, а човекот возеше 20 на час.Не видов дека автомобилот ми се приближува, бидејќи слушав музика на телефон и имав слушалки на ушите. Паднав си ги одрав рацете и имам модрици на нозете,“ изјави Чато за Блиц.

Веднаш се упатил до брза помош, а лекарот му наредил да држи облози и да се одмора.

„Сега сум прилично добар, по три дена лежење се вратив на училиште,“ изјави тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.