Харисон Форд уште еднаш ќе се појави во улогата на Индијана Џонс

Харисон Форд уште еднаш ќе се појави во улогата на Индијана Џонс. Ова го навести режисерот Стивен Спилберг додека го промовираше неговиот филм „Bridge of Spies“.

Во дискусијата кој актер повеќе пати глумел во неговите филмови Том Хенкс или Харисон Форд Спилберг рече:

Ќе мора да го решиме ова, затоа што Том е поврзан со Харисон: Со Харисон направивме четири филма, а и со том направивме четири филма. Сега најверојатно ќе се снима Индијана џонс 5 со Харисон, па така со Харисон ќе имам пет, а четири со Том. Најверојатно ќе мора да направам уште еден со Том, па така ќе бидат пет за Том, пет за Харисон и мислам дека така ќе биде се до крајот на мојата кариера, рече Спилберг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.