Македонија,Крими хроника

Хасани, заменик-директорот на УЈП е претепаниот член на ДУИ во Струга

Хасани, заменик-директорот на УЈП е претепаниот член на ДУИ во Струга

Заменик директорот на УЈП Аргетим Хасани завршил во болница по вчерашниот инцидент во локалниот огранокна ДУИ во Струга кога избила масовна тепачка меѓу партиските функционери, јавуваат медиумите на албанското малцинство во Македонија.

Според информациите објавени таму, вчера при изборот на раководство на огранокот, дошло до масовна тепачка во која летале мобилни телефони а се делеле и клоци и тупаници.

Информацијата за АлсатМ ја потврдил и Невзат Бејта од ДУИ кој го надгледувал гласањето но не сакал да открие повеќе детали.

Медиумите вчера објавија дека веќе подолг период тлеат тензии во Струга помеѓу двете крила кои ги предводат Арбен Љабеништа и Рамиз Мерко. Анимозитетот се разгоре на последните локални избори кој Љабеништа ја доби довербата од партијата за да влезе во градоначлничката трка, за позицијата која ја држеше Рамиз Мерко. На крајот, ДУИ загуби а нов градоначлник стана Зијадин Села