ВИДЕО: Ален Хасановиќ отпеа дует со Лепа Брена

ВИДЕО: Ален Хасановиќ отпеа дует со Лепа Брена

Потенцијалниот победник во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ во вчерашната специјална емисија отпеа дует со Лепа Брена.

Имено, во неделата се емитуваше специјална емисија во која натпреварувачите од „Ѕвездите на Гранд“ пееја во дует со најголемите балкански ѕвезди, а нашиот Ален Хасановиќ ја имаше честа да настапи во дует со единствената Лепа Брена.

Хасановиќ во дует со Лепа Брена ја отпеа „Један дан живота“, а потоа во придружба на Ана Бекута ја изведе „Треба времена“.

На 12 јули во Арена Борис Трајковски во Скопје ќе се одржи големото супер финале на „Ѕвездите на Гранд“.