Хашим Тачи: Џихадизмот и Русија се закани за Западен Балкан

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи изјави денеска дека исламскиот екстремизам и зголеменото влијание на Русија претставуваат закани за регионот на Западен Балкан, додавајќи дека е „многу тешко истовремено да се тежнее кон членство во ЕУ и да се одржуваат воени паради за Владимир Путин“, објави МИА.

Тој, исто така, е уверен дека Србија во блиска иднина официјално ќе ја признае независноста на Косово.

– Тоа нема да се случи утре, но ќе следи во блиска иднина. Пристапувањето на Србија и Косово во ЕУ и признавањето на Косово ќе биде поврзано – нагласи Тачи.