Хашим Тачи победник на изборите во Косово

Централната изборна комисија на Косово, попладнево ги објави официјалните резултати од вонредните парламентарни избори одржани на осми јуни.

Демократската партија на Косово (ПДК) на Хашим Тачи со коалицијата обезбеди 37 пратенички места, со освоени 222.181 гласови (30,30 отсто), пред Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа со 30 пратенички мандати и 184.596 гласови (25,24 проценти) и движењето „Самоопределување“ на Албин Курти со 16 пратеници и 99.397 гласови (13,59 отсто).

По бројот на освоени гласови и пратенички места четврта е Алијасата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај со освени 689.793 гласови или 9,54 отсто и која во новиот косовски законодаен дом ќе има 11 пратеници, пред Српската листа со 38.199 гласови (5,22 отсто) и девет пратеничким места и Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај со 37.681 гласови (5,15 отсто), односно шест пратенички места.

Алијасата за Ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли, која до сега беше дел од власта освои 34.170 гласови или 4,67 отсто, што е под границата за обезбедување пратенички мандат.

Според претседателката на ЦИК, Валдете Дака, партиите имаат рок за жалба од 24 часа по објавувањето на резултатите.

Поради овој рок верифацијата на мандатите не може да биде пред втори јули. По признавањето на официјалните резултати во рок од 30 дена треба да се одржи конституивната седница на која треба да се изберат претседателот и пет потпретседатели на Парламентот.