Хашим Тачи предлада парламентарни избори во Косово на 8 јуни

Косовскиот премиер Хашим Тачи на состанокот на амбасадата на САД во Приштина и на лидерите на останатите политички партии,  предложил парламентарните избори во Косово да се одржат на 8 јуни.

„Прво и значајно е во понеделник да гласаме за војската на Косово во Собранието. Ако го изгубиме овој момент на гласање, тогаш многу години ќе чекаме да формираме војска, бидејќи ќе имаме поинаква конфигурација на политичките сили“, истакнал  Тачи.