Хашките осуденици со претседателски плати

Хашките затвореници кои издржуваат затворска казна во европките земји можат да заработата плата поголема од претседателот на Србија, пишува „Блиц“.

Небојша Павковиќ, некогашен началник на Генералштабот,  осуден е пред Трибуналот во Хаг на 22 години затвор, а на почетокот на август е префрлен во затвор во Финска.

Освен тоа што затворите во скандинавските земји се познати по одличните услови и наликуваат на хотели, овие затвори предничат и во платите кои им се даваат за извршените работи.

Доколку Павковиќ прифати да обработува дрво, да прави мебел, ситни сувернири или да обработува метал или пак да се обиде да врши земјоделски работи, може да добие од 704 па до 1.232 евра месечно, бидејќи Финците плаќаат дури седум евра на час. Тоа би значело дека Павковиќ во затвор може да има поголема плата од српскиот претседател, Томислав Николиќ (129.000 динари), или премиерот Александар Вучиќ (125.000 динари).

Магдалена Спаленска од Секретаријатот на Хашкиот трибунал, за „Блиц“ вели дека платите на затворениците ги одредува секоја држава посебно.

„Секоја држава има правилник за работите и платите на затворениците и тие се исти за сите затвореници во таа земја и за оние кои доаѓаат од Хаг“, вели Спаленска.

Може да се каже дека од осудениците во Хаг најлошо поминал Драган Зеленовиќ, осуден на 15 години затвор поради мачење и силување во Фочи. Тој  е во затвор во Белгија, каде што за земјоделски работи и работи во затворскиот круг може да се заработи 180 евра месечно. Така што заработува нешто слично колку што е минималецот во Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.