Хашкото обвинителството бара Шешељ да се врати во Шевенинген

Хашкото обвинителството бара Жалбениот совет на Судот за воените злосторства на подрачјето на поранешна Југославија да ја поништи одлуката за условно ослободување на лидерот на српските радикали Војислав Шешељ и веднаш да се издаде налог тој да биде вратен во Хаг.

Барањата од Хаг уследија откако во изминатиот период Шешељ изјави дека што и да одлучи судот, нема да ја почитува неговата одлука.