Балкан

Хашим Тачи нов претседател на Косово

Хашим Тачи нов претседател на Косово

Со 70 гласови „за“ вечерва Собранието на Косово за нов претседел на државата го избра Хашим Тачи, досегашен вицепремиер и шеф на дипломатијата. На оваа функција тој ќе остане до 2021 година, пренесува МИА.

Тачи е роден во селото Буро кај Србица во 1968 година и од 2000 година е лидер на владејачката Демократска партија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Приштина, отсек филозофија, а постипломски студии завршил во Швајцарија.

Тој е еден од најпознатите команданти на ОВК а беше и член на преговарачкиот дим за Косово, во Рамбује, како и дел од разговорите и носењето на планот на Ахтисари за Косово. Во три наврати Тачи избиран е за пратеник а бил и претседател на косовската влада. По последните парламентарни избори неговата партија формира коалициска влада со Демократскиот сојуз на Иса Мустафа, при што беше договорено Мустафа да биде премиер а Тачи претседател на државата.

Хашим Тачи е петтиот шеф на косовската држава и четврти кој бил избран во третиот круг од гласањето. Првите тројца претседатели, Ибрахим Ругова,Фатмир Сејдиу и Беџет Пацоли беа избрани во третиот круг. Единствено Атифете Јахјага беше избрана уште во првиот круг. Сепак сите петмина претседатели, па дури и Ругова, кој ги имаше најголемите симпатии меѓу народот, на фунцијата дојдоа по претходни договори.

На третиот круг од гласањето присуствуваше евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој заедно со другите странски дипломати излезе од Собранието поради солзавецот што го фрлаа опозицските пртеници.

Според последните информации во судиите меѓу полицијата и приврзаниците на опозијата повредени се 11 полицајци и еден опозиционер.