Хашим Тачи: Србите не се против формирањето косовска армија

Хашим Тачи: Србите не се против формирањето косовска армија
Хашим Тачи: Србите не се против формирањето косовска армија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека процесот на формирање на косовските Вооружени сили продолжува, додавајќи дека она што е посебно значајно е дека Србите не се противат на формирањето на Армијата, иако има одредени услови, јави дописникот на МИА.

– Она што е многу значајно е фактот што Србите не се против формирањето армија, но има одредени условувања кои треба да ги надминеме преку дијалог меѓу владините коалициски партнери, но и во интерес на земјата – нагласи синоќа Тачи гостувајќи во емисијата „Зона на дебата“ на телевизијата Клан Косова.

Тој додаде дека верува дека Косово на крајот ќе успее да формира мултиетнички функционални вооружени сили.

– Несреќен факт е што доцни формирањето на Вооружените сили на Косово, но претседателот на Парламентот и премиерот ја завршија нивната многу значајна работа. Верувам дека безбедносните сили на Косово се една многу добро организирана армија, создадена преку процес на регрутација преку многу ригорозни постапки – нагласи Тачи.

Тој најави и дека спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора ќе биде ратификувана во парламентот во следните десет дена.

– На сите позиции и како премиер и сега како претседател, јас дојдов како летигимен човек со гласовите на граѓаните, а не како последица на политички договор. Тоа ми дава за право да работам на агендата и приоритетите кои сметаам дека се за доброто на граѓаните на нашата држава – изјави Тачи.