Балкан

Хашим Тачи утре ќе положи заклетва во Парламентот

Хашим Тачи утре ќе положи заклетва во Парламентот

Ден потоа, на седми април, на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина ќе биде одржана свечената инаугурација, на која се очекува да присуствуваат претставници на најмалку педесет држави од светот.

Ардиан Арифај, советник на новиот претседател, за „Зери“ изјави дека примопредавањето на функцијата меѓу Атифете Јахјага и Хашим Тачи ќе биде наутро на осми април.

– Ќе биде реализирано примопредавањето меѓу двајцата претседатели, Јахјага и Тачи пред Гардата при што на церемонијата Јахјага на Тачи ќе му предаде копија од Уставот на Република Косово, изјави Арифај.

Хашим Тачи, на 26 февруари беше избран за претседател на Косово во третиот круг гласање во парламентот. Тој доби 72 гласа од 82 присутни пратеници.

Четириесет и осум годишниот Тачи е петти претседател на Косово од јуни 1999 година. Досегашни претседатели беа Ибрахим Ругова, Фатмир Сејдиу, Беџет Пацоли и Атифете Јахјага.

По завршувањето на петгодишниот мандат претседателот може да се кандидира за уште еден мандат.