Хаусмајсторот на Жерновски конечно се огласи и двојно излажа

Хаусмајсторот на Жерновски конечно се огласи во текот на вчерашниот ден. По повеќедневен молк во јавноста, хаусмајсторот од општина Центар, Кочо Стојчевски излезе со писмена реакција.

Деновиве Стојчевски и стана познат на македонската јавност откако дел од медиумите објавија дека градоначалникот во општина Центар, Жерновски му овозможил вршејќи ја функцијата хаусмајстор да врши улога и на главен инспектор по што го унапредил на ден пред нова година, на 30.12 2014 та година во главен инспектор, раководител на инспекциските служби скокајќи во хиeрархијата десетина скалила.

Хаусмајсторот на Жерновски двојно излажа

Порталот „Курир“ ја анализира писмената реакција на најбогатиот хаусмајстор, притоа наведувајќи дека Стојчевски во писмената изјава до јавноста кажал две клучни лаги:

првата, иако Стојчевски објавува низа решенија, кој не се предмет на спор, тој никаде не го објавува и одбегнува да го коментира решението потпишано лично од Жерновски каде јасно стои цитираме:„Вработениот Кочо Стојчевски од работното место хаусмајстор се прераспределува на друго работно место како раководител на инспекциските служби на општина Центар-ГЛАВЕН ИНСПЕКТОР” што значи дека наспроти неговите тврдења тој својот работен однос во општината Центар го започнал како хаусмајстор за што единствено оптимално образование согласно закон е средното образование.

Решението со кое Стојчевски го добил унапредувањето
Решението со кое Стојчевски го добил унапредувањето

Според „Курир“, втората лага е кога тврди дека управната инспекција извршила повеќе контроли и не забележала пропусти, нешто што не е точно и најдобро се демантира со решението издадено од Државниот управен инспекторат со кое се задолжува Жерновски да ги одземе овластувањата на Кочо Стојчевски како главен инспектор.

Решение од Државниот управен инспекторат: Жерновски да ги одземе овластувањата на Стојчевски
Решение од Државниот управен инспекторат: Жерновски да ги одземе овластувањата на Стојчевски

Таму стои цитираме: “Се задолжува г-дин Андреј Жерновски градоначалник на општина Центар да донесе конкретен управен акт за престанок на овластувањето (за главен инспектор) дадено на државниот службеник Кочо Стојчевски” и да се преиспита закнитоста на наредби дадени од Кочо Стојчевски со кој тој постапувал како главен иснпектор иако бил хаусмајстор, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека меѓу другото Кочо Стојчевски признал дека уште пред да стане хаусмајстор станал газда и сопственик на градежна фирма и исто така признава дека назначувањето на неговата сопруга за член на УО на детска градинка „Кочо Рацин“ е вистина,(иако постои конфликт на интереси) но дека тоа со верификација на Советот на општината,  каде инаку мнозинството на советници се од редовите на СДСМ.

Ниту збор за скапиот автомобил

Ниту збор за скапиот автомобил
Ниту збор за скапиот автомобил

Понатаму „Курир“ нагласува дека хаусмајсторот Кочо Стојчевски во рамки на неговата вчерашна реакција не кажал ниту збор за автомобилот Ауди А5 вреден 40 илјади евра и како работејќи како хаусмајстор успеа да го заработи.

Молкот од Жерновски на оваа тема и пуштањето на хаусмајсторот Стојчевски да се брани и тоа преку евидентни и лесно видливи лаги покажува за бесрамниот обид да се забошоти вистината и да се прикрие вистинската слика за неработата на општина Центар. Очигледно работното лето на Жерновски е лето исполнето со скандали. Ваквиот начин на работа преку афери, скандали и непочитување на законските прописи и злоупотреба на функциите е метод на работа секаде каде СДСМ е на власт, пишува „Курир“.

ВМРО – ДПМНЕ со реакција за скандалот со хаусмајсторот на Жерновски

Инаку, за ваквите скандали во општина Центар, поврзани со хаусмајсторот на Жерновски вчера се огласи и советничката група од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Според советниците од ВМРО – ДПМНЕ скандалите на Жерновски немаат крај.

Во последниот случај Жерновски поставил хаус мајстор да биде главен инспектор во општината скокајќи десетина скалила во хирархијата. Само во општина Центар,  хаус мајстор  во еден ден може да стане главен инспектор. Тоа е пример како СДСМ и Жерновски замислуваат професионална јавна администрација. Ова денес на  прес-конференција го потенцира Сашо Трпески, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.

Како што нагласи тој, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на советот на општина Центар ќе побара информација за овој скандал од градоначалникот Жерновски: како е возможно, спротивно на сите закони хаус мајстор да биде именуван за главен инспектор.