Хави Мартинез нов топчија во Лондон

Познатиот таблоид на Островот, “Дејли Стар”, пред неколку часа ја пласираше сензационалната информација дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Хави Мартинез.

Одличниот играч за врска се пресели на “Алианс Арена” во 2012 година откако баварскиот гигант одвои околу 40 мил. евра за неговото обештетување и со тоа го реализираше најбогатиот трансфер во германската Бундес лига.

Откако во тренерската фотеља седна итрофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола, Мартинез се почесто првенствените натпревари ги започнува од клупата за резервни фудбалери и затоа се почести се шпекулациите дека ќе си замине од Минхен на крајот од актуелната сезона.
Англиските медиуми се убедени дека официјалната понуда на лондонскиот премиерлигаш нема да биде помала од 33 мил. евра.