Хејг исклучително загрижен заради Газа

Вилијам Хејг изразил голема загриженост заради ситуацијата во Појасот Газа кадешто за петте дена од израелската воена операција загинале повеќе од 120 Палестинци.

„Исклучително сум загрижен за хуманитарната ситуација и загинувањето на луѓети во Газа. За тоа по телефон че разговарам со палестинскиот претседател Махмуд Абас“ напишал шефот на британската дипломатија на Твитер, пренесоа медиумите.

Изјавата на Хејг претставува пресвртница во британската дипломатија која досега пружаше безусловна поддршка на Израел.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во сердата, еден ден после отпочнувањето на израелската воена операција, жестоко ги осуди рактените напади на палестинското движење Хамас и нагласи дека Израел има право да се брани.

Израелската офанзива е продолжена и денес со нови воздушни напади. Судирите меѓу Палестинците и Израелците избија после убиствата на тројцата момчиња и потоа убиството од освета на Палестинското момче.