Хејг: Нема нови граници на Балканот

Состојбата во Босна и Херцеговина не би смеело да се поврзува со случувањата во Украина, бидејќи за тоа нема никаква основа, оценил министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг, порачувајќи дека на Балканот повеќе не може да бидат исцртани нови граници.

„Да бидам јасен, не може да има поставување на нови раници на Балканот. Само единствена и суверена БиХ, со своите сегашни граници може да и пристапи на Европската унија. Ова е уверување што го делам со сите свои колеги од 28-те земји членки на ЕУ“, рекол Хејг, кој моментално се наоѓа во официјална посета на Сараево.

Хејг оценил дека чекорите што ги превземала Русија во случајот со Крим се „ужасен пример на противправно присоединување, кон кое државите членки на ЕУ имаат заеднички осудувачки став“.