Хејг: Регионот го има полното внимание на Обединетото Кралство

Премиерот Никола Груевски на маргините на конференцијата во Лондон се сретна со министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг.

Како што јави известувачот на МИА, на заедничката средба, која ја имаа со премиерите од регионот се разговараше за искористување на потенцијалите за економски развој како и одржување на напредок, кој е важен за целиот регион.

Соговорниците се сложија дека ваквата конференција е добра можност за размена на мислења и искуства како и остварување на интензивна комуникација.

Вилијам Хејг истакна дека регионот го има полното внимание на Обединетото Кралство кое ги поддржува процесите што значат подобрувње на стандардот и интегрирање на регионот. Тој изјави дека Обединетото Кралство посакува европски интегриран регион, кој е посветен кон економскиот напредок на сите држави од регионот.

Со премиерот Груевски разменија мислења за повеќе актуелни теми од регионално значење.